North Macedonia: Local Roads Connectivity Project ( - Тендер #52621865)
Поделиться
Для перевода текста тендера на нужный язык воспользуйтесь приложением:
Страна: международный Организатор тендера: The World Bank Номер конкурса: 52621865 Дата публикации: 31-03-2024 Источник тендера: Тендеры всемирного банка
Продвигайте Вашу продукцию на мировые рынки
Доступ к полной информации по данной закупке закрыт. Зарегистрируйтесь для получения бесплатных рассылок по новым тендерам и просмотра дополнительной информации. .
Регистрация
Тендер6– Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните
патишта во избраниопштини согласно изработени основни проекти–
Дел4
БЗП Број:LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.6
Договорен орган: Министерство за транспорт и врски
ОБЈАВЕН: Јуни 30, 2023
Известување за набавка
Барање за поднесување понуди
Држава: Република Северна Македонија
Име на Проект: Проект за поврзување на локални патишта– П170267
Предмет на Договор: Тендер6– Градежни работи за подобрување на инфраструктурата
на локалните патишта во избрани општини согласно изработениосновни проекти- Дел4
Заем број: 9034 МК
БЗПБрој:LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.6(4)
Република Северна Македонија обезбеди финансирање од Светска банка за покривање на трошоците на
Проектот за поврзување на локални патишта и има за цел дел од добиените средства да ги искористи за
плаќања по доделени договори за Тендер 6– Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на
локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти - Дел4.
Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија ги повикува подобните понудувачи да
достават затворени понуди за изведба на градежни работи за: Тендер 6 – Градежни работи за подобрување на
инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени oсновни проекти – Дел 4.
Градежните работи вклучуваат реконструкција на постојните патишта во општините кои се во лоша состојба
(оштетување на тротоарот, надолжни пукнатини, дупки, оштетени рабници) и чиј капацитет не може да ги
задоволи потребите на локалните жители. Во согласност со основните проекти и утврдената постојна
состојба на терен, рехабилитацијата или реконструкцијата ги опфаќа, но не е ограничена на следните
градежни работи: рушење на коловозна конструкција, гребење на постојниот оштетен површински слој на
асфалт каде што е потребно; промена на тампонскиот слој со дробен камен каде што е потребно; изведба на
потребни слоеви асфалт како абечки слој/носив слој; изведба на бетонски рабници/рабни елементи; припрема
на цевки и поставување црево за оптички кабел каде што е потребно; изведба на тротоари и велосипедски
патеки каде што е потребно; изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација, итн. Градежните
активности вклучуваат и решение за прифаќање на атмосферски води од коловозот и нивно спроведување до
постојната атмосферска канализација/дренажен систем или изведба на површински бетонски и земјани
канали, како и изведба на пропусти за одводнување на атмосферски води.
Принципот на повластување за домашни понудувачи нема да се применува. Тендер 6 Градежни работи за
подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни
проекти за Дел 4 ќе се одвива во општина Желино и Јегуновце.
Временски рок за завршување на градежните работи изнесува 7месеци од денот на воведување
во работа, за
ОпштинаЖелино,
Реконструкција на локален пат во с. Копачин Дол,
Реконструкција на локален пат од с. Палатица до с. Озормиште,
Реконструкција на локален пат 2-А во с. Желино,
Општина Јегуновце,
Изградба на улици во н.м. Јегуновце, фаза1 и фаза 2.
Критериумите за квалификација/избор се наведени во тендерската документација во Поглавје III, Критериуми
за евалуација и квалификација.
Понудувачите кои сакаат да понудат попуст, ќе може да го направат истото само доколку тој попуст е
наведен во Писмото со понудата.
Тендерската постапка ќе се спроведе преку отворена постапка за конкурентна набавка „Барање за
поднесување понуди (БЗП)“ како што е специфицирано во „Правилникот за набавки на Светската банка за
заемопримачи за ФИП– Набавки во рамки на финанасирање инвестициски проекти“ од јули 2016 година,
ревидиран во ноември 2017 и август 2018 година („Правилник за набавки“), и истиот е достапен за сите подобни
понудувачи, како што е дефинирано во регулативите за набавки на Светска Банка.
Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации од Единицата за
имплементација на проектот (ЕИП) во Министерство за транспорт и врски од г-ѓа Власта Ружиновска и г-дин
Славко Мицевски, електронски адреси (е-пошта):
procurement.piu.mtc@gmail.com;vlasta.ruzinovska.piu@mtc.gov.mk;slavko.micevski.piu@mtc.gov.mk; во работно време од 09:30 дo 15:30. Постапката за добивање на
тендерската документација и доставување на понудите се одвива исклучиво електронски, како што е
наведено подолу.
Заинтересираните подобни понудувачи можат да ја добијат тендерската документација на македонски
јазик од веб страната на националниот електронски систем за јавни набавки:
„ЕСЈН-Заеми/Донации/Грантови-Огласи од меѓународни институции“
(https://www.e-nabavki.gov.mk) и од веб страната на Министерството за
транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/javniOglasi, како и со доставување на апликација на
електронските адреси наведени погоре во точка бр. 5. и на дополнителната електронска адреса:
harita.pandovska@mtc.gov.mk.
Ситезаинтересирани подобни понудувачи задолжително треба да се пријават преку
електронска пошта (е-пошта) со детали за контакт од нивните компании, вклучувајќи адреса на електронска
пошта (е-пошта) веднаш по преземањето на тендерската документација од погоре наведените веб-страници, за
да се изјаснат дека имаат намера да учествуваат во тендерската постапка и за да добијат Анекс 1на тендерската документација, кој содржи: Предмерсо количини и Основен проект, вклучително
и Технички извештај, Цртеж и План за управување со животната средина и социјални аспекти
(ПУЖССА)/(ESMP)и/илиКонтролна листа
заПУЖССАи Елаборати за заштита на животна средина за секој под-проект
посебно. Поради големината на Анексот, истиот ќе биде доставен до Понудувачите што се пријавиле, преку
WeTransfer:https://wetransfer.com/.
Поради очекуваната големина на понудите, понудите мора да бидат доставени како 1
(еден)PDFдокументзаштитен со лозинка прекуWeTransfer:https://wetransfer.com/.Не е дозволено
поднесување надокументикомпресирани соzip,rarили слични компресирани формати преку е-пошта.ЛинкодWeTransferза
преземање на секоја понуда мора да се достави само по е-пошта до сите четири горенаведени
електронскиадресинајдоцна доЈули 28ми, 2023година, 10:30 часот. Лозинките треба да бидат со латиничен фонт. Приемот на секоја е-пошта
со линк за преземање на понудата (и успешното преземање на понудата) веднаш ќе биде потврден. Задоцнетите
понуди ќе бидат одбиени. Во рок од 1(еден)час по истекот на рокот за
доставување на понудите, Понудувачите треба да ја испратат понудата заштитена со лозинка,
до сите4(четири)наведени електронски адреси. Понудите ќе бидат
јавно отворени, преку видео-конференција во просториите на Министерство за транспорт и врски на
улица „Црвена Скопска Општина“, број 4, 1000 Скопје, во присуство (само преку видео-врска) на
назначените претставници на Понудувачите и секое заинтересирано лице кое има желба да го следи
отворањето на понудите. Отворањето на понудите ќе започне еден 1(еден)час по
крајниот рок за поднесување на понудите. Записникот од отворањето на понудите ќе се сподели со сите
Понудувачи во електронска форма преку електронска пошта. Деталните упатства за поднесување на
понудите се дадени во тендерската документација.
Сите понуди задолжително треба да бидат доставени заедно со Изјава која ја гарантира понудата,
согласно Листата на податоци за понудата (ЛПП) – Инструкции за понудувачите (ИП) 19.
Внимателно прочитајте го Правилникот за набавки согласно кој се бара Заемопримачот да ги обелодени
информациите за сопствеништво на корисникот на најуспешниот (избраниот) Понудувач, како дел од
Известувањето за доделување на договор, користејќи го Образецот за сопствеништво на корисникот, кој е
составен дел од тендерската документација.
Адресата наведена погоре е:
Министерство за транспорт и врски
Единица за имплементација на проектот
Г-ѓа Власта Ружиновска и/или Г-дин Славко Мицевски, Експерти за набавки
Улица „Црвена Скопска Општина“, број 4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Портал отображает информацию о закупках, публикуемых в сети интернет и находящихся в открытом доступе, и предназначен для юрлиц и индивидуальных предпринимателей, являющихся участниками размещения государственного и коммерческого заказа.
Сайт использует Cookie, которые нужны для авторизации пользователя. На сайте стоят счетчики Яндекс.Метрика, Google Analytics и LiveInternet, которые нужны для статистики посещения ресурса.